Состојба пред реализација на проектот
Според прецизните релевантни податоци за структурата на површините, општина Сопиште располага со 22, 312 ха вкупна површина. Во склопот на оваа површина влегуваат: ниви 4 434 ха, овошни насади 298 ха, лозја 873 ха, ливади 102 ха, пасишта 8191 ха, шуми 7801 ха, неплодно земјиште 651 ха. Наведените површини се простираат во 13 катастарски општини. Располагаме со податоци и за катастарските општини.
Вниманието во овој проект го фокусираме на површините под: ниви, овошни градини, лозја, ливади и пасишта. Наведената структура на површините се користи за производство на земјоделски култури и испаша на добитокот. Почвата досега не била никогаш тестирана од агрохемиски аспект, што значи не знаеме што содржи од биогените хемиски елементи, штетни токсични елементи, а примената на минерални и органски ѓубрива не базира на хемијата на почвата, а со тоа не е познат квалитетот на земјоделските производи и колку е нарушена животната средина од примената на агрохемикалиите.
|
|
1. Едукација на населението за правилна употреба на ѓубривата од аспект на видови ѓубрива, дози и начини на примена. Едукацијата да се базира на релевантни организирани стручни податоци со агрохемиски анализи на почвата, на теренот од општина Сопиште. Сите напред наведени точки ќе бидат поопширно елаборирани при едукација на земјоделските производители;
2. Воспоставување центар за унапредување и планирање на земјоделието на ниво на општината;
3. Набавка и функционирање на Мобилна Лабораторија за контрола на почвата заради заштита од загадување.
|
|
1. Да се оформи тим во Општината за контрола на процесот и следење на активностите на извршителите, кој што воедно ќе биде надлежен и за следењето на конкурсот за прифаќање на изведувачите на проектот;
2. Изработка на планот за цела општина, заедно со сите проектни задачи и планови потребни за теренска изведба;
3. Отворање на тендер за набавка на Мобилна Лабораторија;
4. Да се изработи временски план на едукативните семинари за земјоделците;
|